HomeАктуелноУчениците од РЦСОО ,,Ванчо Питошески” се закитија со медали на меѓународниот натпревар „Гатус“

Учениците од РЦСОО ,,Ванчо Питошески” се закитија со медали на меѓународниот натпревар „Гатус“

Два сребрени и еден бронзен медал освоија учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески” на меѓународниот натпревар „Гатус“ во областа на угостителско- туристичка струка во конкуренција од 12 екипи од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Натпреварот се одржа во период од 29 септември до 2 октомври во Ново Место – Словенија.

Во категоријата готварство учествуваа учениците Даниел Бутракоски, Никита Мишевски и Фикрет Шаќировски под менторство на Војо Ангелоски.

Во категоријата послужување Стефан Стојаноски, Марко Настески и Дамјан Макешоски под менторство на Милена Илијевска и во категоријата туристички аранжман Теона Талевска, Ана Марија Мискоска и Јована Капиданова под менторство на Марија Ѓорѓиоска, информираа од училиштето.

Додаваат дека Охрид ќе биде домаќин на следниот натпревар кој ќе се одржи во октомври 2023 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.