HomeАктуелноУште едно полувреме ја дели од Аргентина од светска титула

Уште едно полувреме ја дели од Аргентина од светска титула

Аргентина е на чекор да триумфира на Светското фудбалско првенство во Катар, откако во денешното финале против актуелниот првак Франција во Лусаил води на полувреме со 2-0.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Аргентинците комплетно доминираа во првите 45 минути и постигнаа два гола преку Лионел Меси и Ангел Ди Марија, додека немоќната Франција не упати ниту еден удар кон противничкиот гол.

Аргентина поведе во 23 минута преку Меси од пенал, откако претходно Усман Дембеле го фаулираше Ди Марија.

Само 13 минути подоцна Ди Марија го удвои водство на асистенција на Алексис Мек Алистер во акција која од средината на теренот ја започна Меси.

Ди Марија стана првиот фудбалер во историјата на Аргентина кој постигнал гол во финалните натпревари на Копа Америка и светските првенства, откако лани беше стрелец во аргентинскиот триумф на континенталното натпревање.

Аргентина чека на својата трета светска титула од 1986 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.