HomeАктуелноФатени двајца крадци во Тетово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Фатени двајца крадци во Тетово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

На 07.07.2022 околу 12.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(46) и Е.Ч.(46), двајцата од Република Косово. Тие се сомничат дека непосредно пред тоа одзеле пари од Р.С.(71) од тетовски Пирок.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово, а парите биле пронајдени кај нив, одземени и ќе бидат  вратени на сопственикот.
Со соодветен поднесок денеска ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.