HomeАктуелноФизички напади во Охрид и Струга, пронајдена дрога – кривични пријави и за нелегално оружје во Кичево

Физички напади во Охрид и Струга, пронајдена дрога – кривични пријави и за нелегално оружје во Кичево

Повеќе инциденти со физички напади, дрога и нелегално поседување оружје се евидентирани во Охрид, Струга и Кичево, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 2 ноември во 17:18 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во основно училиште во Охрид, две жени на возраст од 24 и 29 години физички ја нападнале 37-годишна жена од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден, во 14:50 часот, во ОВР Струга било пријавено дека пред продажен објект на улицата „Партизанска“ во Струга, жител на селото Делогожда физички нападнал 46-годишен жител на селото Велешта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Охрид, пак, СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца охриѓани на возраст од 26 и 32 години, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. При претрес во нивниот дом, како и во дворот на соседна куќа, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела марихуана.

Кривична пријава е поднесена и против 26-годишен жител на Кичево, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, како и нелегално поседување оружје.

Според информациите од полицијата, на 31 октомври во 01:35 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, лицето било лишено од слобода откако агресивно се однесувало кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

При прегледот кај него биле пронајдени и одземени малокалибарски пиштол калибар 22 милиметри и 31 куршум, за кои се сомнева дека ги поседувал нелегално.

Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени едно пакување со кокаин и неколку други пакувања со остатоци од кокаин.

Против лицето е поднесена кривична пријава за двете дела, а случаите се во надлежност на институциите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.