HomeАктуелноФилип и Аљдин од ДУРДМОВ го остваруваат својот сон, светот да биде подобро место за живеење за сите

Филип и Аљдин од ДУРДМОВ го остваруваат својот сон, светот да биде подобро место за живеење за сите

Во рамките на Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов,, во Скопје, во моментот се реализираат 5 Еразмус + КА2 проекти во партнерство со размични европски земји.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Еден од проектите кој привлекува посебно внимание од причина што во него се вклучени и ученици е проектот ,,My biggest dream-better world,, (Мојот најголем сон е светот да биде подобар).

Координатор на овој проект е музичко училиште од Трикала, Грција, а освен ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов,, од Северна Македонија, партнери во проектот се и училишта од Португалија, Романија, Бугарија, Турција, Италија и Литванија.

Главната цел на овој проект е да обезбедиме право на квалитетно образование за сите деца во партнерските училишта, преку низа на активности, преку кои на учениците им се овозможува да ги развијат своите социјални, граѓански, интеркултурни вештини и да се поттикнуваат на критичко размислување во однос на европската и меѓународната соработка. За да се постигнат овие цели, во рамките на проектот се организирани низа активности, реализирани преку формални и неформални методи.  Во рамките на проектот ќе се реализираат  5 тренинг курсеви кои како главна цел имаат обука и на наставниците и на учениците, велат од државното училиште за деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов“ во Скопје.

Досега се реализирани 2 тренинга во Италија и Литванија, а во средината на октомври и декември е планирано да се реализираат уште два, еден во Грција и еден во Романија.

Вкупно 5 наставници и двајца ученици имаа прилика да учествуваат на тренинг курсевите во Италија и Литванија, кои од таму се вратија полни со импресии, за наставниците ова беше значајно искуство од причина што разменија искуства и добри практики со колеги од европски училишта, а за учениците ова искуство пред се придонесе за поттикнување на самодовербата, запознавање нови култури и нови пријатели, учење на нови работи и стекнување нови животни искуства.

Ученикот Филип Величковски во посета на градското собрание Васто во Италија и средба со градоначалникот.

Наставниците со ученикот Аљдин Мурати во посета на Парламентот во Вилнус, Литванија и средба со министерот за култура.

Ученикот Аљдин Муради изведува македонска песна во Спомен куќа во Вилнус, Литванија.

Ученикот Филип Величковски на дел од активностите со учениците од останатите Европски училишта во Васто, Италија.

 

Подготвил: Е.Р

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.