HomeАктуелноФилков: Ги повикувам Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници,и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

Филков: Ги повикувам Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници,и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција  упати  пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори.

„Досега, почитувајќи го принципот на поделба на власта, не сум коментирал конкретни судски и обвинителски одлуки. Тоа е темел на правната држава. Но кога одлуките отвораат сериозни дилеми и ја доведуваат во прашање еднаквоста пред законот, должност ми е да побарам отчетност“, истакна Филков.

Тој нагласи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое бил утврден ризик од бегство – ризик што се остварил – и дека јавноста има право да знае врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е донесена одлуката за поблага мерка.

Министерот јавно ги повика сите инволвирани во постапката да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.

,,Јавно ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување:

Јавниот обвинител Даниел Коцев,

– да објасни, врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот?

Раководителот на обвинителството Анел Фидоски, –дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот?

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски,

– кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно?” изјави министерот за правда Игор Филков.

Тој информираше дека побарал објаснување и од надлежните институции во однос на условите во притворските установи и најави вонреден надзор во казнено-поправните установи со цел утврдување на безбедносната состојба.

„Залудно носиме закони ако не се спроведуваат. Залудно зборуваме за реформи ако практиката ја руши довербата. Ова не е прашање на политика, туку на принцип“, порача Филков.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.