HomeАктуелноФинансиска поддршка од 6.000 денари за најранливите пензионери

Финансиска поддршка од 6.000 денари за најранливите пензионери

Сто штипски пензионери со најниски примања ќе добијат финансиска поддршка од страна на Општина Штип, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања. Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, вели Јорданов.

Во пишаната објава се вели дека главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон поддршка на најранливите категории граѓани.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.