HomeАктуелноФОТО: Антониа Гиговска „случајно“ на гости кај „(не)судениот свекор“?

ФОТО: Антониа Гиговска „случајно“ на гости кај „(не)судениот свекор“?

Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на медиумите и јавноста. И заради музиката, но многу повеќе заради приватноста, пишува забавниот портал Вистина.мк.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Раскинувањето на врската со нејзиниот колега и момче, пејачот на „Либеро бенд“ Иван Јованов и аферата што ја следеа естрадно-кулоарските муабети и обајавите по медиумите за наводното неверство, Антониа не ја симнаа од насловниците на порталите и коментарите на социјалните мрежи.

Сепак, пејачката по се изгледа успева „добро да се носи“ со „расклиманиот интегритет“ или барем тоа јавно не го манифестира, па е подеднакво активна и при гостувањето во разни емисии, а и не престанува со настапи и гостувања по разни локали и манифестации.

Така, Антониа деновиве беше специјална гостинка при одбележувањето на еден јубилеј. Имено, државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје славеше своевиден јубилеј – 68 години работа и постоење, што не e баш мала работа. Особено ако се работи за една од ретките специјализирани образовни установи од ваков вид кај нас.

А кога е јубилеј, разбирливо е дека треба да има и пригодна културна, уметничка и естрадна програма. И ја имаше, а дел од неа, веројатно и главна ѕвезда во истата беше токму Антониа Гиговска. И тоа на покана на никој друг, туку токму на првиот човек на училиштето, директорот Бобан Спасенцовски, кој за пошироката јавност е познат и како естраден уметник, поточно пејач од македонската фолк естрада.

Антониа Гиговска ги удостоила дечињата, им отпеала како што самата кажува неколку свои песни, се дружела со нив како што се гледа од приложените фотографии, од кои на една пејачката се фотографирала и со директорот, па фотографијата ја споделила на своите инстаграм приказни.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.