HomeАктуелно(ФОТО) Барбика во чест на кралицата Елизабета Втора

(ФОТО) Барбика во чест на кралицата Елизабета Втора

Историскитe 70 години владеење на британската кралица Елизабета Втора, брендот „Барби“ ќе ги одбележи со почесна кукла со нејзиниот лик.  
Барбиката во облик на кралицата, е објавена денес, на 96-от роденден на најдолговечниот британски монарх и ќе биде „веднаш препознатлива“, опремена со елегантен фустан (изработен од слонова коска) и сина лента украсена со украси. Ќе има и дијадема по примерот на круната на кралицата Мери, којашто нејзината потомка ја носеше на денот на својата свадба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер



Розовата лента на куклата ја претставуваа онаа што на кралицата Елизабета Втора ѝ ја дал нејзиниот татко – кралот Џорџ Шести, а бледо сината – онаа од нејзиниот дедо – Џорџ Петти.

Куклата ќе биде дел од специјалната колекција на „Барби“, којашто почна да се издава лани во чест на „визионерите со извонредно влијание и наследство во општеството“. Новата кукла ќе биде поставена во кутија во стил на Бакингемската палата, изработена од 3-Д украсна рамка околу фигурата и внатрешен панел што го прикажува престолот. (MИА)

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.