Антониа Гиговска на својот 22-ри роденден ги воодушеви фановите со прекрасните вести кои ги сподели.
Имено, пејачката објави дека таа и нејзиниот партнер очекуваат дете.
„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Погодете кој ќе стане мајка… Што мислите, машко или женско е? Ние веќе знаеме“, напиша Гиговска во описот на фотографиите.
„Прстенот го бирал сам. Умирам од среќа. Си славам. Роденден, бебче, прстен, сè“, додава Антониа во објавата.
Јавноста речиси ништо не знае за нејзиниот иден сопруг, освен дека музиката и нему му е животна определба.
Оние кои го следат животот на Антониа, лесно ќе препознаат дека тоа е човекот со псевдоним „Џокер“, кој е дел од нејзиниот бенд со кој настапува и за кого воедно се шпекулираше дека е во љубовна врска.
