Долгометражни колони на улица 7-ми ноември, Железничка и 15-ти Корпус попладнево во Охрид.
Според првичните информации со кои располага нашата редакција долгометражните колони од возила се должи на затворена улица од страна на сообраќајната полиција поради несреќа која се случила на кружниот ток кај ОЕМУЦ.

Подетални и официјални информации очекуваме во текот на денешниот ден од страна на надлежните од СВР Охрид.

