Во духот на верата и традицијата и Свиништа го прослави големиот христијански празник Голема Богородица.
Недалеку од атарот на селото Свиништа, на ридот се наоѓа црквата посветена на Светата Богородица, храм кој веќе неколку години интензивно се возобновува од страна на месното население.
Во пресрет Големиот христијански празник, Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица) охридското село Свиништа и оваа година празникот го прослави со богата програма.
Рано наутро беше извршена Литургијата и причестот, а потоа следуваше традиционалната традиционална трпеза и забавениот музички дел со стара народна македонска песна и музика.
На свеченоста присустваа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, како и пратеникот во македонското Собрание, Сашо Донев.
Градоначалникот Пецаков со верниците на Успение на Пресвета Богородица во Свиништа

