Денес Иван Иванов, синот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов ја објави својата прва фотографија со својот син на која напиша:
Св. Георги – Ѓурѓовден, прв именден!За многу години!

Синот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, пред околу еден месец доби син.
Иван пред неколку месеци официјално стапи во брак со прекрасната Јана откако во октомври минатата година се верија, па така екс претседателот Иванов и неговата сопруга Маја станаа свекор и свекрва, додека денес екс претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов стана дедо, прекрасната Јана и Иван добија син.
Инаку, по фотографиите, венчавката на Иван и Јана била во потесен круг на најблиските роднини од семејството, најверните другари и најдобрите пријатели, а среќата на новиот брачен пар е повеќе од забележлива. Невестата во розов фустан наместо венчаница, младоженецот беше во класичен костум, кошула и вратоврска, го споделија првиот официјален брачен бакнеж, откако ги ставија свооите потписи пред матичрот и сведоците во книгата на венчани.
По фотографиите од свадбената прослава можеше да се забележи стомачето на невестата со тоа што се очекуваше дека новопечениот млад брачен пар наскоро очекува принова.
