HomeАктуелно(ФОТО) Охридскиот бисер на „Филеви“ ја краси „Кнез Михаилова“

(ФОТО) Охридскиот бисер на „Филеви“ ја краси „Кнез Михаилова“

Охридскиот бисер на „Филеви“ покрај продавниците на Охрид и Скопје,  ја краси и прекрасната „Кнез Михаилова“ во Белград, во кој продажен салон може да се купат уникатните, сертифицирани парчиња на Охридски Бисер и Филигран „Филеви“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Совршен и уникатен сувенир на Охрид и Охридското езеро, за кој важно е да се напомене дека постојат само две фамилиии во Охрид, кои ја знаат тајната за изработка на добро познатиот Охридски бисер.

Фамилијата Филеви е фамилија која ги изработува Охридските бисери уште од далечната 1928 што се потврди од историските факти и институции. Тајната на изработката на Охридскиот бисер дури и денес е една од најдобро чуваните тајни на оваа фамилија која изработува бисери соединети во креативни бисерни огрлици и нараквици, а се пренесува веќе четврта генерација од колено на колено. Кога зборуваме за бисер секогаш ни паѓа на памет за бисер кој е пронајден во школка, меѓутоа Охридскиот бисер е многу повеќе од тоа и има поспецифичен метод на изработка.

Фамилија Филеви нуди богата колекција на уникатно рачно изработен накит. Голем избор на различни бои на култивирани природни бисери, ви овозможува да изберете идеална комбинација за вашата гардероба. Секоја креација се одликува со индивидуален пристап замисла и дизајн. Тие се изработуваат во различни должини според желбата на клиентот. Моделите се за луѓе кои сакаат да се различни, со подвлечен сопствен стил и параметри, истакнува Михајло Филев.

Уникатните парчиња кој се љубов која никогаш не завршува, само продолжува со нови креации,инспирации посветени за клиентите и нивната модна перфекција, додава Михајло Филев.

Покрај продажните салони на „Филеви“ уникатните парчиња може да се набават и на online начин на следниот линк

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.