HomeАктуелно(ФОТО) При контроли во угостителски објекти приведени 14 лица

(ФОТО) При контроли во угостителски објекти приведени 14 лица

Ноќта на 30.04./01.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата
за недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со Единицата за
интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски
објекти на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода се 14 лица,
поради основано сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет
на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, кај А.Г.(21), С.Н.(24), С.Д.П.(25), А.З.(24), Х.Ј.(18), М.К.(23),
А.Н.(28) била пронајдена марихуана, додека кај С.С.(18), С.В.(33),
И.Т.(25), М.К.(29), Л.Н.(19) и К.М.(29) била пронајдена бела прашкаста
материја, а кај Т.Б.(22) грутчеста материја, инаку сите од Скопје.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена
пријава по член 215 од Кривичниот законик, информораат од секторот за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.