Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Битола – Могила.
Според информациите на 4NEWS.mk на терен е пожарна, две возила на итна медицинска помош и полиција.
Сообраќајот е целосно во прекин.

Во моментов е нејасно која е причината за тешката сообраќајна несреќа.
Повредените се пренесуваат во Клиничката болница во Битола.
