Убавата свршеница на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, Георгина Родригез објави фотографија од ќерката која ја роди на 18 април и го откри нејзиното име.
Бела Есмералда. 18 април 2022 година“ (денот на раѓање), напишала Георгина покрај фотографијата од бебето што спие.
Георгина истиот ден роди син, кој за жал почина.
Роналдо и Георгина веднаш по породувањето потврдија дека нивниот син починал.
Неколку дена подоцна Роналдо објави семејна фотографија со новородено девојче.
На фотографијата што ја сподели со своите 430 милиони следбеници, Кристијано во раце ја држи новородената ќерка додека се опкружени со Георгина и четирите деца кои заедно ги одгледуваат, 11-годишниот Кристијано, четиригодишните близнаци Ева и Матео и три – годишната Алана.
Тројца од нив ги родила сурогат мајка.
Доме сладок доме. Гио и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните убави зборови и гестови. Вашата поддршка ни е многу важна и сите ја почувствувавме вашата љубов и почит. Сега е време да бидеме благодарни за животот што го дочекавме, напиша тој.

