HomeАктуелноХоландија сега е за приклучување на Скопје и Тирана во ЕУ

Холандија сега е за приклучување на Скопје и Тирана во ЕУ

Холандската влада сега ги поддржува кандидатурите на Албанија и на Северна Македонија за влез во ЕУ, иако во 2019 година го блокираше почетокот на преговорите заедно со Франција и Данска со двете балкански земји. Владата и коалициските партии во Претставничкиот дом сега се залагаат двете земји, кои се надеваат на почеток на преговори за членство, да влезат во ЕУ, пишува холандски NL Times.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Почетокот на преговорите со Скопје го блокира ветото на Бугарија за спорот за јазикот и историјата, додека напредокот на Тирана на патот кон ЕУ е поврзан со напредокот на Северна Македонија.

Во мај, Европскиот парламент побара од Европскиот совет Албанија и Северна Македонија да го започнат преговарачкиот процес, посочувајќи на „геостратешкиот контекст на односите со Русија и руската агресија против Украина“.

Холандскиот премиер Марк Руте сега се залага Албанија и Северна Македонија да го започнат преговарачкиот процес, објави холандската ТВ Телеграф (Де Телеграф).

Во 2018 година, Руте рече дека Албанија и Северна Македонија ќе ја „ослабнат целата Унија“, укажувајќи на корупцијата и недостатокот на слобода на медиумите. Една година подоцна, Холандија, заедно со Франција и Данска, го блокираа почетокот на преговорите за членство во ЕУ за двете земји.

Хаг го промени својот став и покрај значителниот пад на слободата на медиумите во Албанија и фактот дека корупцијата, особено на високо ниво, останува важно прашање, пишува EURACTIV.

Руте сега бара поддршка од цела ЕУ. Тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во мај рече дека сите во ЕУ се обидуваат да направат се што е можно Западен Балкан да остане стабилен и да се најде решение за проблемите во регионот, особено во Северна Македонија и Бугарија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.