HomeАктуелноЦУК: Пожарникари од ТППЕ Охрид и екипи од ЈП „Комуналец“ интервенираат на Буково

ЦУК: Пожарникари од ТППЕ Охрид и екипи од ЈП „Комуналец“ интервенираат на Буково

Буково гори со месеци, институциите никако да најдат соодветно решение.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека во Секторот за операции и координација во е добиена, за сега, само едно известување за пожар на отворено од Регионалниот ЦУК Охрид.
Пожарникарите од ТППЕ Охрид заедно со ЈП „Комуналец – Охрид“, од утрово интервенираат поради запалени отпадоци на депонијата „Буково“, велат од ЦУК.

Имено, вчера  до редакцијата на powerinfo.mk од граѓани пристигнаа неколку реакции за состојбата на Буково.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Депонијата кај Буково повторно гори, пламен и непријатна миризба се шири кај Буково, сликата од магистралниот пат Охрид-Ресен е ужасна.

Состојбата на Буково редакцијата на powerinfo.mk бурно ја следи уште пред неколку месеци, а постојано реагираат и мештаните од соседните села што сред планина се приморани да дишат загаден воздух и смрдеа.

Инаку, минатиот месец апел имаше и  Центарот за јавно здравје – Охрид, каде апелираа до граѓаните на Охрид, гостите, туристите, додека не се реши проблемот со горењето на комуналниот смет на депонијата во Буково, во вечерните и утринските часови да не ги отвораат прозорците и доколку почувствуваат мирис на чад, да останат во своите домови.

Поради опасноста што може да ја предизвика опасниот чад предизвикан од неконтролирањето спалување/горење на комуналниот отпад, врз здравјето на луѓето, Центар за јавно здравје апелира до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и активности за решавање на проблемот. Особено предупредуваме луѓето кои непосредно ќе учествуваат во справувањето со комуналниот смет на депонијата која гори, да користат соодветни заштитни средства (маски, очила и сл.) – потенцираат од центарот за јавно здравје.

Новинар: Елена Ристеска
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.