HomeАктуелноЦУК: Сите поплавени улици и куќи во Гостивар се исчистени

ЦУК: Сите поплавени улици и куќи во Гостивар се исчистени

Ситуацијата во Гостивар е смирена, штетите од големото невреме што го зафати градот се санирани, информираа од Центарот за управување со кризи за „Прес24“. Надлежните екипи се повлекле од теренот вечерва во 20 часот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„РЦУК – Тетово известува од ЈКП Комуналец – Гостивар дека сите улици и куќи што беа поплавени во попладневните часови се исчистени односно сите последиците од дождот се санирани. Екипите од ЈКП Комуналец и ТППЕ Гостивар во 08:00 часот се повлечени“, изјавија од ЦУК.

Инаку, претходно денеска силното невреме предизвика поплави низ улиците и куќите во Гостивар, а огромни поплави и нови „вештачки“ езера се создадоа и во Велес.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.