HomeАктуелноЧеститка за големиот празник Свети Сава упати и Пецаков

Честитка за големиот празник Свети Сава упати и Пецаков

Во мое лично име и во името на Општина Охрид Ви упатувам срдечни честитки по повод големиот празник Свети Сава со најискрени желби за добро здравје, мир и благосостојба. Посакувам делата на овој просветител да ни го покажат вистинскиот пат и да бидат нашиот пример за поголема истрајност во градењето на попросперитетна иднина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Македонскиот и Српскиот народ имаат нераскинлива поврзаност, која се темели на заедничка историја и затоа отсекогаш сме биле пример за взаемна доверба и добрососедство. Српската заедница во Република Македонија претставува значаен дел од нашето општество и дава голем придонес во напредокот и равојот на сите сфери од живеењето. Верувам дека и во текот на наредниот период, во духот на пријателство ќе продолжиме да чекориме напред и да обезбедиме подобри услови за живеење за сите граѓани.

Нека Ви е честит и вековит големиот празник! – стои во честитката на градоначалникот на општина Охрид, д-р Кирил Пецаков

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.