Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до сите Римокатолички верници кои во недела го празнуваат големи христијански празник Велигден.
На сите сограѓани кои Велигден го празнуваат по грегоријански календар, им посакувам празникот да го поминат во мир, добро здравје и семејна среќа. Само со почитување на традициите и христијанските вредности, можеме да го сочуваме својот идентитет и вредностите на нашето општество. На тој начин духовното благо го чуваме за идните генерации како наследство од нашите претци од кои сме научиле да го цениме заедничкиот живот, достоинство и солидарност.
На овој празник, кога го славиме животот и вистинските вредности се мотивираме да правиме добри дела со желба Светот да биде подобар.
Во деновите кои ни претстојат посакувам мислите да ги насочите на мир, љубов и слога меѓу луѓето. Нека завладее спокој во душите, а во семејствата радост. Само со силна вера и надеж за подобро утро можеме да истраеме на Христовиот пат на љубовта, вистината и правдата. Нека е честит и благословен Велигден! – стои во честитката на градоначалникот Пецаков по повод Католички Велигден.
