Екипа од Одделението за фекално и атмосферско одржување при ЈП „Нискоградба“ во рамките на своите активности на терен денес изврши проверка и чистење на шахтите и сливниците за атмосферска вода на ул. Егејска.
Редовно одржување на мрежата за одведување на отпадни и атмосферски води ги намалува шансите за поголеми дефекти и одливање на отпадни води, велат од претпријатието.
Екипата за одржување на пумпни станици, пак, во текот на вчерашниот ден изврши вонредено чистење на пумпна станица кај хотел „Александрија“
При чистењето извадено е значително поголема количина отпад која придонесува за спречување на нормално функционирање на пумпите, велат од претпријатието.

