Шестгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани.
Случајот на 24 септември во 12:45 часот во ОВР Кочани го пријавил 42-годишниот татко на детето. Според пријавеното, децата кои учествувале во настанот биле повозрасни од неговото дете.
За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа, а од полицијата преземаат мерки за негово расчистување.
