HomeАктуелноШефот на хрватската дипломатија Грлиќ Радман во Скопје

Шефот на хрватската дипломатија Грлиќ Радман во Скопје

Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, на покана на неговиот колега, шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

Предвидено е потпишување на Меморандум за разбирање меѓу двете министерства во областа на дипломатска обука, по што Османи и Грлиќ Радман ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај средбите во Министерството за надворешни работи, вечер во Филхармонијата ќе се одржи свечен настан, со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Северна Македонија, по што ќе се одржи и пригоден прием на кој заеднички ќе биде одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Хрватска.

Министерот Грлиќ Радман утре ќе учествува на вториот Преспа Форум за дијалог што ќе се одржи од 16-18 јуни во Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.