На 15.03.2026 околу 21:00 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 49-годишен државјанин на Србија со иницијали Д.Г.
Според информациите од полицијата, приведувањето следувало по претходна пријава дека лицето се однесувало агресивно во угостителски објект, по што инцидентот продолжил и во апартман каде што престојувал.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а по негово документирање ќе следува соодветна пријава.
