Разговорите за пристапување на Албанија и Македонија во Европската Унија треба да почнат што е можно поскоро бидејќи секое одложување ќе го направи Западен Балкан ранлив на надворешно влијание. Тоа го изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
И за Германија и за Шведска е јасно дека ЕУ мора да продолжи со институционалните реформи за да се направи способна за проширување, рече Шолц на прес-конференцијата по средбата со шведската премиерка Магдалена Андерсон.
