HomeАктуелноШумски пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, превентивно евакуирана населба

Шумски пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, превентивно евакуирана населба

Кусо по 11 часот по локално време, избувна шумски пожар во општина Саронида што се наоѓа во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно се евакуирани жителите на една населба, јави дописничката на МИА од Атина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Силниот ветер создава дополнителни проблеми,  бидејќи го отежнува гаснењето, но и брзо го шири пожарот.

Од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до граѓаните што се во населбата Фериза превентивно да се евакуираат иако не станува збор за густо населено место и според првичните информации не постои опасност за домовите

Во гаснење на пожарот, освен пожарникари со возила интервенираат и најмалку два хеликоптери.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.