HomeАктуелноЃорѓиевски: Казнети десетици правни субјекти, несовесното одложување на отпад нема да се толерира

Ѓорѓиевски: Казнети десетици правни субјекти, несовесното одложување на отпад нема да се толерира

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да изгледа „чисто, како што му доликува“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ѓорѓиевски рече дека во акцијата вклучени се повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила.

Градоначалникот упати апел до граѓаните за одговорно однесување, предупредувајќи дека несовесното одложување на отпад нема да се толерира.

„Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје. Да го чуваме Скопје,“ порача Ѓорѓиевски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.