Околу 600.000 евра за два и пол месеци должи Јавното сообраќајно претпријатие Скопје кон приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, што резултираше со сериозно намалување на обемот на автобуси на линиите „23“ и „45“, а намален број авотбуси има има и на другите линии што ги опслужуваат приватните превозници како „11“ и „22“.
Според договорот ЈСП со помош на град Скопје до петок, односно до утре треба да исплати половина од долгот, во спротивно, приватните превозници се закануваат дека уште повеќе ќе го намалат бројот на автобуси, затоа што не можат да ги покријат трошоците за плати и гориво.
Инаку, ова не е првпат приватните автобуски превозници да го редуцираат возниот ред, тие веќе подолг временски период се жалат дека не ги добиваат навремено парите од Градот за услугата што ја вршат.
Во меѓувреме цела година проблеми со работењето има и ЈСП, а градоначалничката Данела Арсовска, очигледно во неможност да ја менаџира состојбата, своевремено бараше и финансиска поддршка од Владата.
