HomeАктуелноЈаневски: Преку 400 милиони долари и над 2,6 милиони ноќевања годинава

Јаневски: Преку 400 милиони долари и над 2,6 милиони ноќевања годинава

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски смета дека македонскиот туризам може да ја заокружи годинава со повеќе од 400 милиони долари и реализирани над 2,6 милиони ноќевања.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што напиша на својот фејсбук профил, девизниот прилив во вториот квартал 2022 година споредбено со истиот период лани е зголемен за 46 отсто и изнесува повеќе од 106 милиони американски долари.

-Девизниот прилив први два квартала 2022 споредбено со истиот период 2019 година е за 20 проценти зголемен. Можеме до целта за 2022 година во македонскиот туризам: повеќе од 400 милиони долари, повеќе од 2,6 милиони ноќевања, наведува Јаневски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.