HomeАктуелноЈованоски: „На зајдисонце“ е локален културен бренд од Трпејца

Јованоски: „На зајдисонце“ е локален културен бренд од Трпејца

Со авторска вечер посвена на композиторот и хармоникаш Гоце Џуклески синоќа во охридското село Трпејца заврши 11. издание на манифестацијата „На зајдисонце“, во организација на здружението „За Трпејца со љубов“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој заедно со пријателите – естрадниот уметник Мирко Вретовски и градскиот мешан хор Vox Lychnidos музички ја разубавија вечерта. Публиката слушна грст негови композиции кои се потпираат на чистата македонска музичка традиција.

Културно – забавното лето за туристите и локалните жители, како што истакна Милчо Јованоски претставник од Здружението, донесе десеттина настани од областа на уметноста, поезијата, музиката, спортот и забавата.

И покрај општата финансиска криза и вечниот недостиг на средства не се откажуваме. Благодарни сме на поддршката на Oпштина Охрид и спонзорите. Се потрудивме да внесеме и две новини за комуникацијата и поврзаноста со гледачите да стане поблиска и поцврста. За среќа тие се покажаа како полн погодок и беа одлично прифатени. Ја воведовме трката со куфери по скалинадата – скалилата во Трпејца, а го имавме и конкурсот за најдобра фотографија инспирирана од природната убавина на Трпејца. Свесни сме дека над една деценија градиме локален културен бренд внимавајќи да не ја изгуби душата и спонтаноста, наспроти масовноста и комерцијализацијата, изјави Јованоски.

На сцената под ведро небо беа отворени изложбата на канадскиот уметник со македонски корени Мајкал Клос и изложбата на дела од минатогодишната Уметничка колонија одржана во Трпејца. Гостуваа младите од охридскиот Црвен крст со поетско – музички перформанс, поетесите – хуманитарки Вера М Самарјанин и Марика Тапанџиева, придружувани од Драган Мијалковски и Живко Поповски – Цветин.

Публиката го гледаше филмот„Мирно лето“ преку три презентации присутните се запознаа со богатството на Охридското Езеро, со новото време на роботите и минатото на Трпејца, настапија бендот „8balls“, дуото Black Moon“, Оркестарот и пејачката група на ФА „Ѓердан од бисери“, естрадниот уметник Мирко Вретовски.

Традиционално се одржаа и кајакарската регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање поддржани од асоцијацијата „Спорт за сите“ и спортското друштво „Македонија“ од Швајцарија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.