Познатиот фолк-пејач Јордан Митев ја трогна јавноста со емотивна објава по повод роденденот на својата ќерка.
„Како вчера да се роди, а веќе поминаа две години.
Среќен роденден, ќерко моја! Биди здрава и жива, Господ секогаш нека биде со тебе и нека ти ја подари сета убавина, радост и среќа на овој свет, а јас ќе направам сè што можам за тебе,“ напиша Митев.
Објавата предизвика бројни реакции и честитки од неговите обожаватели, кои му посакаа многу радост и среќни моменти со семејството.
