Мултитаскерите конечно доаѓаат во свое бидејќи YouTube воведува функција која ви овозможува да гледате видео на таа платформа и да правите нешто друго на вашиот мобилен телефон.
Многу корисници со години ја нагласуваат потребата од ваква функција, а сега таа стана достапна за голем број луѓе. Меѓутоа, под услов да се претплатите на премиум содржината на YouTube.
Корисниците на iPhone и iPad кои ќе изберат да се претплатат на премиум содржината на YouTube сега ќе можат да гледаат видео додека прават други работи на нивниот мобилен телефон, како што се испраќање пораки или пребарување. Премиум корисниците на Андроид ја имаат оваа опција веќе некое време, така што ова не е ништо ново за нив.
https://twitter.com/TeamYouTube/status/1546596110965395458?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1546596110965395458%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Fjutjub-kje-dozvoli-gledanje-videa-dodeka-rabotite-neshto-drugo-na-mobilen%2Fa538995
Новата функција доаѓа откако многу корисници ја побараа преку повратни информации за апликацијата. Освен за премиум корисници ширум светот, оваа функција ќе биде достапна за сите корисници во САД, но само за гледање содржини што не вклучуваат музика.
