HomeАктуелноЌе има ли нов ценовен шок на зејтинот?

Ќе има ли нов ценовен шок на зејтинот?

Денес на социјалните мрежи се појавија фотографии со цена на зејтинот во Германија, каде изнесува 4,99 евра или пресметано во денарска противредност 307 денари.Во Македонија во некои од продавниците веќе подолго време не може да се најде сончогледовото масло за јадење, а таму каде што го има цената на зејтинот по литар се продава по цена од 130 до 140 денари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Граѓаните од страв поради економската криза и најавите дека ќе расте цената на маслото за јадење ги испразнија рафтовите. Се бара и последното шише зејтин, а не запира ниту купувањето на големо на брашно, шеќер и останатите основни продукти за прехрана. Иако надлежните смируваат дека има доволно масло за јадење, сепак граѓаните се скептични до кога ќе траат резервите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.