HomeАктуелноЏеј Ло: Мајка ми ме претепуваше, избегав од дома на 18 години

Џеј Ло: Мајка ми ме претепуваше, избегав од дома на 18 години

Познатата пејачка Џенифер Лопез проговори за комплицираниот однос со нејзината мајка Гвадалупе Родригез и рече дека нејзината мајка ја тепала кога била мала.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во нејзиниот нов документарен филм Halftime на Нетфликс, таа зборува за тоа колку строга била нејзината мајка во воспитувањето на неа и нејзините две сестри, Лесли и Линди. “Таа го правеше она што требаше да го направи за да преживее, и тоа ја направи силна, но ја направи и груба. Знаеше како да не утепа од ќотек”, признала пејачката, пишува New York Post.

Џеј Ло избегала од дома кога имала 18 години, откако неколку пати се судрила со мајка си за нејзината иднина. Таа признала и дека во тоа време не била фокусирана на училиштето бидејќи во тоа време танцувала, а токму тоа предизвикало дополнителни тензии меѓу нив.

„Мајка ми рече: „Ако живееш во оваа куќа, ќе го завршиш своето образование. Една вечер имавме голема тепачка и јас си заминав“, се присетила пејачката.

Самата Родригез призна дека била строга кон ќерките. Таа емигрирала од Порторико и ги одгледала ќерките во Бронкс, заедно со нејзиниот сопруг Дејвид, од кого се развела кога девојчињата пораснале.

“Секогаш имав најголеми очекувања од нив. Не сакав да бидам критична, само сакав да им покажам дека секогаш можат подобро. Најтешко ми беше со Џенифер, ќе бидам искрена. Често не се согласувавме“, признала мајката на познатата пејачка.

„Бев далеку од совршена мајка. Сè што правев, правев од срце и во нивен најдобар интерес“, рекла Гвадалупе, објаснувајќи дека само сакала трите нејзини ќерки да се образуваат за никогаш да не се потпираат на мажите во нивните животи.

Емотивните сцени со мајката се само дел од многуте искрени моменти снимени во филмот Halftime, кој главно е снимен пред настапот на Џеј Ло и Шакира на Супер Боул во 2020 година. Во една сцена од документарниот филм, гледачите можат да видат и како поп-дивата е лута што таа и Шакира се принудени да ја делат сцената на полувремето на Супер Боул.

„Ова беше најлошата идеја на светот“, рече Лопез, која смета дека на пејачките им биле дадени премалку минути за нивниот атрактивен настап.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.