HomeАктуелно104 санкции за пребрзите возачи на подрачјето на СВР Охрид

104 санкции за пребрзите возачи на подрачјето на СВР Охрид

Од МВР информираат дека на 11.09.2022 во периодот од 15.00 до 21.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни акциски контроли.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 104 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-17, Струга-28, Кичево-32, Дебар-27). Акциските контроли ќе бидат интензивирано со цел зголемување на сообраќајната безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.