HomeАктуелноДобра вест за овие пациенти: Овој лек повторно ќе се издава без доплата

Добра вест за овие пациенти: Овој лек повторно ќе се издава без доплата

Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест, појаснија од Министерството за здравство.

Оттаму потенцираа дека во континуитет се спроведуваат активности, насочени кон обезбедување поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.