HomeАктуелноДенес е отворањето на првата Виа Ферата во НП „Галичица“

Денес е отворањето на првата Виа Ферата во НП „Галичица“

Во Националниот парк „Галичица“ денеска ќе биде отворена првата Виа ферата, односно безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа со помагала.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Името на првата Виа Ферата во Националниот парк „Галичица“ е „Доброја“, локален назив за растението Питома Фоја (Juniperus foedissima), која е особено карактеристична за повисоките делови од Националниот Парк. Името, како што појаснуваат од алпинистичкиот клуб Патагонија доаѓа од еден интересен примерок на ова растение, кое посетителите имаат можност да го видат веднаш покрај самата линија на фератата.

Вкупната должина на Фератата изнесува 535м, од кои 145м се искачување на вертикални карпи, соодветно опремени со скалила, а останатиот дел, е пешачење по експониран терен, обезбеден со безбедносна сајла, во континуитет по целата должина.

Вертикалните делови се поделени во три сегменти, со должини 40м, 52м и 53м, а меѓу нив има опции за безбедно излегување од фератата и спуштање надолу по лесна пешачка патека.

Најкомплексен и најтежок сегмент е последниот, после кој фератата продолжува по екпониран планински терен во должина од 210м, се до нејзиниот крај, од каде по лесна планинарска патека, се спушта до почетната точка и до излетничкото место Корита, велат од алпинистичкиот клуб.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.