HomeАктуелно134 санкционирани возачи во Скопје, 50 за брзо возење

134 санкционирани возачи во Скопје, 50 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 22 санкции за возење без возачка дозвола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет мерки за нерегистрирани возила..

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.