HomeАктуелно143 санкционирани возачи во Скопје, 33 за брзо возење

143 санкционирани возачи во Скопје, 33 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 33 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за непочитување на првенство на минување, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.