HomeАктуелно15 возачи казнети во Охрид за престигнување на непрегледни места

15 возачи казнети во Охрид за престигнување на непрегледни места

На 27.01.2023 од 12.00 до 16.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контролите, полициските службеници затекнале 30 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на непрегледни места, спротивно на сообраќајниот знак на коловозот. Од нив 15 во Охрид, 6 во Струга, 4 во Кичево и 5 во Дебар-05, велат од МВР.

Против возачите, додаваат дека се поднесени соодветни платни налози.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.