HomeАктуелно171 санкциониран возач во Скопје, 70 за брзо возење

171 санкциониран возач во Скопје, 70 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 22 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, пет санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за некористење на сигурносен појас, седум мерки за минување на црвено светло, 24 мерки за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.