HomeАктуелно177 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

177 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2023) во периодот од 10.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 177 пешаци од кои, 156 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За време на контролата санкционирани се и 89 други видови на прекршоци.

 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.