Православните христијани денес го одбележуваат денот кој не потсетува на страдањето на Свети Јован, кој е наречен уште и кум Божји. Овој ден во верскиот календар е обележан со црвени букви, а исто така се налага пост, без разлика на кој ден во неделата е.
Тој Ирод бил оженет со ќерката на арапскиот кнез Арет. Тој ја избркал својата законска жена и си ја зел за љубовница Иродијадина, жената на својот брат Филип.
Против ова безаконие се јавил и Свети Јован, но тоа го чинело темница. Во текот на една забава на која играла Саломија, ќерката на Иродијадина и Филип, паднала и одлука за отсекување на главата на Свети Јован. Со својот стомачен танц Саломија успеала да го маѓепса веќе пијаниот цар, и по наговор на мајка си ја барала главата на Свети Јован на тацна. Царот тоа веднаш и го наредил.

Смртта на Светиот Јован се случила пред големиот еврејски празник Пасу. Царот Константин и царицата Елена изградиле црква во Севастија на 11-ти септември, и поради тоа овој празник е земен за празнување овој ден.
Со примерот на отсекувањето на главата на Свети Јован во текот на забава полна со алкохол и заблуда, се покажува колку човечкиот мозок може да биде зол кога е помрачен со грев.
Кај нас овој празник има долга традиција и спаѓа во групата на големи христијански празници, кои нашиот народ посебно ги почитува.
Се избегнува било каква работа, како надвор, така и внатре во куќата. На денешен ден цело семејство пости, а народот се собира во храмовите на литургија.
извор: МИА
