HomeАктуелноСоработката меѓу јавните и приватните образовни институции клучна за развојот на модерното образование

Соработката меѓу јавните и приватните образовни институции клучна за развојот на модерното образование

Партнерството и соработката меѓу јавните и приватните образовни институции се клучни за развојот на модерното образование велат од Општина Охрид. Во оваа насока градоначалникот Кирил Пецаков оствари работна средба со г-дин Ангел Јанев од Образовниот центар „Писи“ од Охрид на која се разговараше за аспектите и можностите за идна тесна соработка помеѓу образовни институции во Охрид, информираат од општинската прес служба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Градоначалникот ја истакна определбата на Општина Охрид за силна поддршка на талентираните ученици од основните и средните училишта во градот и подобрување на условите за нивно учење како и постигнување на врвни резултати на натпреварите во знаење, преку мерки кои ќе го стимулираат тој процес, велат во соопштението.

Воедно, додаваат дека Јанев кој преку образовниот центар долги години е поддршка во образовниот процес на учениците од општината, искажал голема поддршка за мерките кои општината ги превзема во областа на образованието особено мерките за наградување на талентираните ученици.

Јанев го извести Градоначалникот дека образовниот центар во насока на поддршка на мерките на општината ќе овозможи бесплатно користење на тестовници по предметот математика за трето одделение кои родителите ќе може да ги симнат од нивната веб страна: www.matematika.mk., се вели во соопштението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.