HomeАктуелноСредба помеѓу директорите на општинските училишта и претставници на СВР Охрид

Средба помеѓу директорите на општинските училишта и претставници на СВР Охрид

Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа средба на која присуствуваа градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, службите на Локалната самоуправа, директорите на општинските училишта и претставници на СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Целта на средбата е подигнување на нивото на безбедност во кругот на училиштата и превенирање на девијатни појави помеѓу учениците. Во таа насока се разменуваа мислења за зголемување на патролите особено во вечерните часови кога во кругот на училиштата се собираат млади луѓе, информираат од Општина Охрид.

Дополнително се разговарше и за организирање на едукативни предавања од страна на претставници на СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.