HomeАктуелно199 санкционирани возачи во Скопје

199 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 12 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две за возач почетник.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 22 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, 15 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкција за некористење сигурносен појас..

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.