Home2022септември (Page 31)

– Комисијата за избори и именувања по најавата за кратка 15-минутна пауза, повеќе од еден час не продолжи со заседанието, на кое се расправа за кандидатурата за уставен судија на Љубомир Јовески, актуелниот републички јавен обвинител. Паузата беше дадена по излагањето на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија

Денеска (13.09.2022) полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од Р.И. дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општина Арачиново. Известен е јавен обвинител и во координација со ОЈО

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска остварил работна средба со претставничката на ОБСЕ за слобода на медиуми Тереза Рибеиро. На средбата Спасовски ја потенцирал посветеноста и одличната соработка на МВР со медиумите и медиумските работници и овозможување на услови за нивно непречено работење. – Одличната соработка

На 91-годишна возраст денеска почина Серафим Фимчо Муратовски, диригент и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје во пензија. Со над повеќе од 40 години уметничка исполнителна дејност, Фимчо Муратовски е еден од доајените на македонската музичка, оперска, и балетска сцена, како и на концертните подиуми во земјата. Музичкото

– Доставената граѓанска иницијатива не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво. Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон, му одговори претседателот на Собранието Талат

– СДСМ ја поддржува одлуката на претседателот на Собранието Талат Џафери да ја одбие иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум поради тоа што, како што велат од партијата, е неуставна бидејќи согласно Уставот меѓународен договор не може да се поништи со закон. Договорот може да

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, како и против две подружници на финансиски друштва во Тетово, Г.А. (35) од Република Бугарија, раководител на едната подружница, Р. Г.

„Виз ер“ ќе суспендира три линии од својата база во Скопје во наредните денови, а летовите ќе бидат обновени следната летна сезона. Буџетскиот превозник ќе ги прекине летовите од главниот град на Македонија до Торино, Билунд и Турку. Последната линија до италијанскиот град е закажана

– На денешната 82-ра седница, Владата ја разреши Иринка Сотирова- Бухова од должноста в.д. директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на нејзино барање. Како што информираат од владината прес-служба, за в.д директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја именува Рената Младеновска.

На 13.09.2022 година во 01.22 часот во СВР Oхрид, пријавено е дека В.Б.(69) од селото Мешеишта, општина Дебарца, паднал од балкон на семејната куќа и починал. Смрт без траги на насилство е констатирана од лекар во Итната медицинска помош Охрид, а увид извршија јавен обвинител и