Home2024мај (Page 11)

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце, Секторот за операции и координација на ЦУК преку Регионалниот центар за управување со кризи Крива Паланка, веднаш ги извести Општина Ранковце и побара да се

СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната влада на СДС и ДУИ. Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод. Наке Георгиев и Иџет Мемети се ситни криминалци во споредба со крупните криминалци

Пораст од 10,4 проценти забележале депозитите на македонските домаќинства во банките и штедилниците во периодот од април 2023 – април 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка. Според Извештајот, во април во однос на март депозитите на домаќинствата во банките и во штедилниците се зголемиле

Во избирачкото место број 2101 во селото Ларце, во Општина Желино, денеска има прегласување за парламентарните избори во рамки на Изборната единица 6 откако Државната изборна комисија (ДИК) го поништи гласањето одржано на 8 мај. Од Општинската изборна комисија Желино информираат дека навремено е почнато

Гласањето на Избирачкото место 1272 во Општина Охрид каде се повторуваат Парламентарните избори одржани на 8 мај се одвива непречено. Како што информираа од ОИК, гласачкото место е отворено навреме, а изборниот процес тече согласно процедурите. Изборното место 1272 се наоѓа во ОУ „Христо Узунов“, на

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска ќе се прегласува за Парламентарните избори 2024. Прегласување во петата изборна единица ќе се спроведе на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во

Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да и додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави архиепискот охридски и македонски г.г Стефан. Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето. - Тоа

ЦУК информира, според известувањето на УХМР , дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер. Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидува дека е кон исток и североисток.

Денес попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. И утре наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи,